Македонија

Комисијата по жалби го поништи тендерот МВР за униформи

Компанијата чија понуда била избрана за најдобра за делот за виндјакна и за теренска униформа за редовната полиција, не ги исполнувала самостојно условите за минимален број на вработени и други критериуми туку приложила т.н. техничка поддршка од фирма од Србија

Македонските полицајци ќе мора да почекаат барем уште некој месец за ги заменат сегашните униформи кои се резултат на договор од ноември 2021 година.

Причината е – второстепената комисија за жалби по јавни набавки го поништи тендерот за набавка на нови униформи за редовната полиција.

На 19 септември 2025 година, Министерството за внатрешни работи го објави огласот за јавна набавка кој беше поделен на четири ставки – Виндјакни, теренска униформа, чизми и чевли. До 19 ноември 2025 г. пристигнаа пет понуди од компании кои сакаа да ја реализираат набавката – „Нени компани“, „Мегаспорт“, „Микеи интернационал“, „Лејерс ВФ“ и „Камекс“. Цените кои компаниите ги понудија беа различни по категории. На пример, „Нени компани“ достави најниска цена за виндјакни и чизми, „Микеи интернационал“ за теренска униформа, а „Мегаспорт“ за чевли, објави „360 степени“.

Две недели пред Нова година, Министерството за внатрешни работи донесе одлука за избор на најповолна понуда – сите четири ставки ги доби компанијата „Мегаспорт“. Резултатот беше донекаде изненадувачки ако се знае дека, на пример, понудата на „Нени компани“ за чизми беше речиси двојно поевтина или, пак, дека за виндјакна и „Нени компани“ и „Микеи“ имаа значително пониски понуди. Деталите од електронската аукција засега се непознати, но во рокот за жалби процесот го обжали еден од конкурентите – „Микеи интернационал“.

Правната разврска пристигна пред една недела, на 28 јануари, кога Државната комисија за жалби по јавни набавки донесе решение со кое ја усвои жалбата на „Микеи Интернационал“ и го поништи изборот на МВР во деловите – теренска униформа и виндјакна.

Причината за поништувањето, на кратко, е следна. Во тендерската документација, меѓу другите критериуми, МВР бараше понудувачите да имаат сопствен технички капацитет и минимум број на вработени 50 лица за производство на виндјакни, но и 100 лица за теренската униформа. „Мега Спорт“ во својата понуда навеле дека го исполнуваат овој услов, но не самостојно, туку преку т.н. техничка поддршка од српската компанија „Лус Текстил“.

Линк во целото истражување на 360 степени. 

Најнови вести од: Македонија

Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ од 3.10.1943 – еден од најважните документи во македонската национална и политичка историја

„Македонски народе! Македонци и Македонки! Браќа и сестри на нашата поробена, ама никога непокорена татковина! Нашата млада војска, под славното знаме на Крушовската република, победоносно чекори и смело гази на кај исполнуењето на својата голема идеја – ослободуењето на Македонија. “  – стои во Манифестот на АСНОМ на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, кој му е упатен на македонскиот народ на денешен ден, на 3 октомври 1943 од борбените позиции кај селото Црвена Вода на Караорман планина, во историската Дебрца. Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 3 октомври 1943 година е првиот стратешки и програмски документ упатен директно до македонскиот народ во текот на Втората светска војна. По своето историско значење, тој се смета за рамноправен со Крушевскиот манифест од 1903 година, бидејќи ја постави цврстата платформа за идната македонска државност.

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top