Премиерот Христијан Мицкоски вчера навести дека поранешен министер веројатно ќе биде меѓу осомничените во големата акција на полицијата која досега, извади над 40 тони марихуана од легалните плантажи во Скопје во Струмица.
Мицкоски исто така истакна дека количината на запленета марихуана веројатно ќе надмине 100 тона.
„Законот е генерално ист, но некој министер – а тоа деновивве ќе се разработува – дозволил да се промени Правилникот кој е спротивен на Законот.
Знчи ние имаме подзаконски акт кој е во колизија со самиот Закон.
„Дали тоа некој со имисла го правел, дали тоа о правел со некоја друга цел, истрагата ќе даде одговор“ вели премиерот и дообјаснува:
Мицкоски најави дека во вторник Владата ќе донесе одлука по која полицијата ќе влезе во секоја фирма која има лиценца за производство на канабис.
Тој објасни дека дел од контролираните производители одгледувале марихуана во услови за кои однапред знаеле дека добиениот производ нема да може потоа да го користат за производство на масло, како што налага законот. Тоа, како што рече, отвора сомнеж дека со умисла се произведувала марихуана спротивно на законот, а потоа, на инвентивни начини се вадела од магацините.
„Јасно се знаело, уште кога се носел Правилникот, кога се дозволило на отворено да се одгледува канабис, истиот да се чува како што се чувал, истиот да се складира како што се складирал, почетникот на овој бизнис, барем од тоа што успеав да го научам во изминативе денови , почетникот знаел дека така таа работа не бива.
Не може да се добие производ со кој ќе се задоволат нормите и стандардите за извоз на уље кое потоа ќе се користи во медицински цели“ рече премиерот и додаде:
„Вие не можете да декларирате отпад, а отпад се знае што е, гранки лисја, а натре во декларираниот отпад да најдете тврдо пресуван цвет од канабис“.
Мицкоски рече дека до овој момент нема докази дека запленетата марихуана во Србија потекнува од Македонија. Македонското обвинителство за организиран криминал не споделува информации додека трае истрагата.