Македонија

МО: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес! Да не се нарушува угледот на Армијата на Македонија!

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од заразната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана на Република Македонија информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, заради манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата на Република Македонија.

Од Министерството за одбрана појаснуваат дека шугата може да се добие само преку контакт со претходно заразено лице или преку постелнина, пешкири и слично, кои претходно биле користени од исто така заразено лице. Посочуваат дека пред приемот на професионалните војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, направено е комплетно уредување на просториите во кои се сместени војниците, односно извршена е комплетна дезинфекција на просториите и дадени се чисти и испрани постелнини и ќебиња.

Како што се посочува во соопштението, во меѓувреме од страна на Армијата и Воено – медицинскиот центар согласно со здравствените протоколи се преземени мерки за спречување на натамошно можно ширење на оваа заразна болест.

-Од страна на одделението за превентивна заштита од Воено – медицинскиот центар извршен е стручен епидемиолошки надзор, давање на мислење и понатамошни насоки и препораки. На превентивен преглед се испратени сите војници кои што биле во контакт со заразените лица. За време на викендов во просториите каде што се сместени војниците е извршено комплетна замена на постелнината, направена е дезинфекција на сите спални соби, дезинфекција на ќебињата, перниците и душеците и е испрана постелнината. Сите војници се информирани за симптомите кои може да се појават како резултат на оваа болест, дадени се препораки доколку се забележат кожни промени веднаш истото да се пријави и да се консултираат со доктор, велат од Министерството за одбрана.

Оттаму посочуваат дека постојано се следи состојбата со останатите лица и се преземаат мерки согласно насоките на доктор епидемиолог. -По насока на ВМЦ професионалните војници се упатени на превентивен контролен преглед. Досега се регистрирани четири лица и на истите им е пропишана соодветна медицинска терапија, велат од МО.

Во оваа касарна, како и во останатите Центри за обука (АП Криволак, ЦО Пепелиште, Кампот за обука на вода) на годишно ниво поминуваат односно престојуваат голем број припадници како од Армијата така и од сојузничките Армии и досега не е регистриран ваков случај.

-Министерството апелира да не се злоупотребува поединечен случај, кој не е заразен во касарната, заради   манипулирање на јавноста, а со што се нанесува и директна штета и нарушување на угледот на Армијата. Министерството за одбрана и Армијата на чело со Генералштабот, во континуитет работат на подигнување на стандардите и условите за работа, а тоа подразбира комплетно реновирање и реконструкција на објектите во кои функционираат припадниците на Армијата. Само за илустрација за 2026г и 2027г предвидени се 41.300,000 денари за реконструкција и санација на објектите, градежно – занаетски работи, се наведува во соопштението.

Во изминатиот период, како што се посочува во соопштението, Министерството ги обезбеди потребните пари за реконструкција, адаптација и тековно одржување на објектите на МО и Армијата. Парите биле наменети за подобрување на инфраструктурата, обезбедување на современи услови и зголемување на безбедноста во објектите што се користат. Од Министерството за одбрана информираат дека истиот пристап продолжува и во тековната година, со што е обезбедено континуирано финансирање на активности поврзани со реновирање, уредување на објектите, санација тековно одржување и други потребни интервенции.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

„Одговорноста не застарува“, реагира на изјавата на Заев, Јане Ченто – осуден за „27 април“

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април, со остра реакција се осврна на денешната јавна изјава на Зоран Заев, оценувајќи дека таа претставува навреда за интелигенцијата на народот. Според Ченто, човекот кој, како што наведува, ја распарчил државата, денес зборува како да нема никаква одговорност за хаосот што го оставил зад себе.

Имал луксузно возило „Порше“ и без око да му трепне возел без дозвола

Како што соопшто МВР, ноќта кон неделата, околу 00:20 часот по полноќ на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода 27-годишниот Р.И. од село Требош кој управувал луксузно возило „Порше“ без возачка дозвола.

Минчев: Tехничка влада уште за следните парламентарни избори, па се укинува

Измените на Законот за Влада, со кои се предвидува укинување на техничката, односно т.н. пржинска влада, се наоѓаат во завршна фаза. Предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев во гостување во ТВ Сител.

Ѓорѓиевски: Булеварот „Македонија“ ќе ја отвори вратата кон нашето современо и безбедно Скопје! (Видео)

„Засилено и со јасна визија се работи на првата фаза од булевар „Македонија“, проект што го менува ликот на градот и ја отвора вратата кон современо и функционално Скопје!“ – порача преку својот официјален фејсбук-профил градоначалникот на македонската метропола Орце Ѓорѓиевски.

Доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, оти ја убил мајка си со нож во август 2025

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како „Грофот“, денеска му е изречена казна доживотен затвор за кривичното дело „убиство“ на неговата 84-годишна мајка, Марија Заркова. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип.

To top