Свет

Трамп со нова закана до Канада: Нема да дозволам да ја искористат Америка!

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го попречи отворањето на новиот мост што ги спојува Соединетите Американски Држави и Канада, сè додека Вашингтон не добие „целосна компензација“ за сите штети што му ги нанел северниот сосед.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го попречи отворањето на новиот мост што ги спојува Соединетите Американски Држави и Канада, сè додека Вашингтон не добие „целосна компензација“ за сите штети што му ги нанел северниот сосед.

Меѓународниот мост „Горди Хау“, кој ја поврзува канадската провинција Онтарио со американската држава Мичиген, нема да биде пуштен во употреба сè додека Отава „не се однесува праведно кон САД и со почитта што ја заслужуваме“, објави Трамп на социјалните мрежи, пренесува Би-би-си.

Во пораката на својата платформа Truth Social, Трамп изјави дека САД би требало да поседуваат „барем половина од овој објект“. Тој тврди дека Канада го контролира и канадскиот и американскиот дел од мостот.

Според официјалната веб-страница на проектот, Windsor-Detroit Bridge Authority, организацијата одговорна за развојот на мостот, е во целосна сопственост на канадската влада.

„Канадската влада очекува од мене, како претседател на САД, едноставно да им дозволам да ‘ја искористат Америка!’“, напиша Трамп.

„Нема да дозволам овој мост да се отвори сè додека САД не бидат целосно компензирани за сè што им дадовме“, додаде тој.

Не е веднаш јасно на кој начин Трамп би можел да го спречи отворањето, но тој најави дека преговорите ќе започнат веднаш, без да прецизира детали.

Најнови вести од: Свет

Тројца добитници ја делат Нобеловата награда за медицина

Nаучниците Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за развојот на оптогенетиката, метод што им овозможи на научниците прецизно да ја контролираат активноста на одредени нервни клетки во мозокот со помош на светлина

Холдер: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ

Идниот амбасадор одговори потврдно на прашањето на член на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот за време на сослушувањето дека во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

Најнови вести

To top