Македонија

(Видео): Министерот за внатрешни и премиерот прикажаа дел од запленетата дрога

Запленетите количини, Тошковски рече дека во моментов се складирани во простории на МВР и ќе служат како доказен материјал во постапката што се води во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Тој рече дека се преземаат сите потребни чекори за да може да се утврди фактичката состојба и да се расветли овој случај.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и дел од раководните структури во МВР, преку видеообраќање покажаа дел од марихуаната што изминатата недела се запленуваше на неколку локации во земјата. Министерот Тошковски вели дека комисија од Министерството за здравство веќе констатирала оти марихуаната била третирана незаконски односно дека е произведувана, складирана и чувана надвор од оние утврдени протоколи. Запленетите количини Тошковски рече дека во моментов се складирани во простории на МВР и ќе служат како доказен материјал во постапката што се води во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Тој рече дека се преземаат сите потребни чекори за да може да се утврди фактичката состојба и да се расветли овој случај.

  • „За жал, оние последици од минатото на негрижа и катастрофален однос, како во делот на повеќе сектори, така и во овој дел, денеска предизвикуваат екстремно штетни последици коишто секако дека ќе биде предизвик да ги решиме како назаконити случаи. Но, во соработка со сите надлежни институции сметам дека во еден разумен временски период ќе делуваме соодветно за да можеме да го отстраниме сето ова незаконито дејство, на кое крајна цел било или македонските улици или улиците низ Европа“, рече министерот.

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето изрази надеж дека уште на денешната владина седница ќе се донесе одлука за формирање комисија и тим која ќе изврши детална проверка на работењето на сите субјекти што се занимаваат со оваа дејност.

  • „Таа комисија ќе го испита работењето и ќе констатира фактичка состојба кои се тие правни субјекти што работеле согласно закон, а кои не и го злоупотребиле или го изиграле законот“, кажа Мицкоски.

Според него, со акцијата што се случува изминатите денови имале за цел да покажат дека нема компромис со неправдата и со беззаконието.

  • „Беззаконието мора да се совлада, никој не е над законот и МВР со сиот свој капацитет што го поседува ќе се справи со предизвиците што ги има и кои допрва ќе следат“, рече премиерот.

Тој испрати и порака до „оние што одлучиле дека криминалот е исплатлива работа“ дека тоа можеби било така во некое време во други околности, со друга политичка констелација, но оти денеска криминалот не се исплати.

  • „Ќе бидете пронајдени и ќе бидете жестоко казнети сите вие што мислите дека криминалот се исплати како професија“, додаде Мицкоски.

Според премиерот, овие 40 тони запленет цвет од канабис се директна последица на „погрешните политики од минатото“ кои веќе нема да се дозволат.

Најнови вести од: Македонија

Пратениците на СДСМ си заминаа од работа, откако законот за минимална плата не беше ставен на дневен ред

Не помина предлогот на пратениците на СДСМ да се гласа за дополнување на дневниот ред со нивното законско решение со кое се прифаќаат барањата на ССМ, по што тие решија да ја напуштат работата на денешната 84. седница. До соопштување на ваквата одлука на опозициската партија претходеше дебата меѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши, а беше дадена и едночасовна пауза.

Владина делегација на средби во УНЕСКО – Ќе има ли договор за заштита на Охридскиот Регион?!

Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.

Ревизијата откри куп пропусти во ДСЗИ – Какви играчки и козметика се продаваат во продавниците?!

Дали и кој може да гарантира дека на рафтовите во продавниците има безбедна козметика и играчки за децата. Во Македонија има листа на забранети супстанци но таа е од 2010 и досега не е ревидирана. Тоа остава простор за соменвање дека штетни и опасни материи по здравјето можеби ги има во дел од овие производи, констатирал Државниот завод за ревизија кој и утврдил дека во државата нема ниту соодветна лабораторија за роверка на забранети супстанци.

To top