Македонија

Следната недела завршни зборови за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во штипско кафуле

Убиецот призна вина

Заврши судскиот претрес со изнесување докази и давање искази на сведоци на четворица турски државјани, кои се обвинети дека лани во мај му помогале на турскиот државјанин Кадир Кара, кој во кафуле во ценатрот на Штип уби свој сонародник.

Портпаролот на Основниот суд (ОС)-Штип, воедно и судија кривичар, Сашко Георгиев изјави дека денеска имаше сведочење од страна на сведоци за четвртообвинетото лице, а веќе на 18 февруари во 12:30 часот во штипскиот Основен суд се закажани завршните зборови на одбраната и обвинителството.

Инаку, претходно Кадир Кара призна вина за убиството на негов сонародник во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, со што судот  му  изрече казна затвор од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски Затвор.

Најнови вести од: Македонија

Лефков: Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче е подготвен да истурка уставни измени, сметајќи дека така ќе дојде на власт.“ – истакнува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Костадиновски: Нема „левица“ да ми ја креира криерата

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Дарко Костадиновски, реагираше на соопштението на политичката партија Левица, истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него.

Во Истанбул ќе се одржи бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција

Овие настани претставуваат дел од пошироките напори за промоција на економските потенцијали на земјата и привлекување нови странски инвестиции преку директна комуникација со меѓународната бизнис-заедница.

Мицунски: „На Западен Балкан му е потребен европски пат, а не на постојано одложување“

„Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан“, им предочи шефот на македонската дипломатија

To top