Македонија

Опасност од лавина на Шар Планина!

Забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција.

Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција.

-Апелираме до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови:
– движете се внимателно во планински услови
– избегнувајте ризични и стрмни терени
– користете соодветна безбедносна опрема
Планината е прекрасна, но бара одговорност.

Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата, истакнуваат од НП „Шар Планина“.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top