Македонија

Возел 85 км побрзо од дозволното

Uправувал патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 165 километри на час на место каде што дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час

СВР Тетово соопшти дека вчера (15.02.2026) во 14:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Гостивар го лишиле од слобода лицето Г.А. (40) од село Селце во Тетово.

„При сообраќајната контрола е утврдено дека тој управувал патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 165 километри на час на место каде што дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час“.

„Тој е приведен во полициската станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СПБ Тетово.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова разговарала со претседателот на Азербејџан на тема проширување на соработката во енергетиката

Во моменти на енергетски шок предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток и нарушувањата во испораката на течен природен гас (ЛНГ) низ Ормутскиот Теснец

Николоски: Годинава обезбедени 243 милиони евра за автопатите

Изградбата на автопатите не е одговорност само на Јавното претпријатие за државни патишта, туку на целата држава, со оглед на тоа што станува збор за капитални инвестиции од стратешко значење, изјави министерот

To top