Македонија

Уште две авиолинии од Скопје кон светот

Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3,2 милиони патници,со новите линии станува лидер во регионот

Од 15. јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија додека од 18. јули ќе се отврои лет за Алгеро Сардинија, исто така во Италија, соопшти  министерот за транспорт Александар Николоски. за две нови линии кои стартуваат на Скопскиот аеродром.

„Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3,2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот“, пишува министерот.

Николоски информира дека е најавено и зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo.

„Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром“.

Најнови вести од: Македонија

АСОМ: Законот за игри на среќа треба да се повлече и да се изработи ново решение

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) оценува дека јавната расправа во Собранието за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри покажала дека предложеното законско решение содржи сериозни недостатоци и дека е потребно негово целосно повлекување и изработка на нов закон.

Уставен суд: Имињата на улиците во Тетово биле сменети без барање и согласност на Владата!

На 17 јуни, Уставниот суд на Република Македонија ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година.Од Уставен денес појаснија дека во текот на постапката, поради недоставување на документацијата во целост, Судот во четири наврати побарал од Општина Тетово да се достави целокупната документација којашто претходела на донесувањето на оспорената одлука. Но, Општината ја доставила ниту согласноста ниту барањето за согласност, кое било испратено до Владата, туку Листата на имиња на улици и плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 30.11.2006 година.

Мицкоски му одговори на Таравари, кој бараше „гаранции за ЕУ“ и за „Бугари во устав“: Гаранција за ЕУ е конечен раскин на договор со „Ѓока констракшн“!

„Нема поголема гаранција за евроинтегративниот пат на државата од конечното раскинување на договорот со фирмата „Ѓока констракшн“, ја коментираше премиерот Христијан Мицкоски синоќешната изјава на челникот на неговото крило во Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој самиот се понуди дека „подготвен да влезе повторно во Владата со задоволување гаранции околу евроинтеграциите“. „Основниот предуслов е гаранција за уставни измени и почеток на преговорите со ЕУ.“ – кажа „јасно и гласно“ Таравари. Инаку „Ѓока Констракшн“, компанија од Албанија, е поврзувана со фирмата на Дрин Ахмети, внук на лидерот тогаш владејачката ДУИ – Али Ахмети, при преземањето на трговскиот центар „Соравија“ а своевремено беше единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар, кога министер за здравство беше Арбен Таравари.

Клетников: Филипче и неговите следбеници се луѓе без карактер, учествуваа во идентитетскиот геноцид над својот народ! – СДС е фашистичка партија со зомбирано членство!

„Австриецот Роберт Музил има роман „Луѓе без својства“, а луѓе без својства се токму Филипче и СДС, нивните следбеници, меѓу кои има и неколку универзитетски професори. Тие немаат ниту карактер, ниту битие. За нив не треба ниту да се зборува. Повеќе пати сум го повикувал и на пишано и преку телевизиски настапи Филипче, за да се соочиме и да му објаснам зошто неговата партија СДС е фашистичка.“ – нагласи поетот поетот Ефтим Клетников во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

To top