Македонија

Мицкоски: Реконсктрукција на владата – најдоцна до јуни

Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, вели премиерот

 

„Што се плашат од предвремени избори? Јас им реков колку и да ни одговара – нас ни е приоритет државата и граѓаните . На ниту едно мерење, граѓаните не даваат предност на тоа да се оди на предвремени парламентарни избори. Нема и не не знам уште колку пати треба да го кажам.

Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има“. истакна синоќа премиерот Христијан Мицкоски.

Бидејќи следната година влегуваме во очи на редовните, оти ако има редовни тоа значи дека техничката влада би била избрана на крајот на декември или почетокот на јануари 2027/2028 година. Тоа значи дека ние сме на помалку од две години од техничка влада. Нема да има. Ние сме народна партија. Од народот потекнуваме. Исто така, сите пораки од меѓународната заедница се дека имате стабилна влада, дајте испорачајте реформи, дајте да работиме. И гледате дека ние не седиме, туку си работиме и саботи, викенди, делници, празници, мора да се сработи – рече Мицкоски синоќа во емисија на Канал 5 тв.

Околу предлогот за укинување на техничката влада по следните избори, премиерот потенцира дека Советот на Европа вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело, демократски и да ги обезбеди сите предуслови за демократијата и институциите да функционираат.

„Еве локалните избори се доволен доказ. По локалните избори, не треба мене да ми веруваат. Нека му веруваат на Советот на Европа, го укинаа пост мониторингот за Македонија. Еве не треба мене да ми веруваат. Не треба на никој да му веруваат. Нека му веруваат на Советот на Европа, која е европска институција. Тој вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело, демократски и да си обезбеди сите предуслови за демократијата и институциите да функционираат. Да бидеме реални. Тоа е политиканство. Важно е, затоа што е дел од процеси кои ќе следат“, рече тој.

Мицкоски нагласи дека процесот со реконструкцијата на Владата очекува да заврши најдоцна до јуни.

Јас веќе има изградено свој став, не велам дека немам. Но, сакам да седнам со коалициските партнери и да разговараме. Во мај или најдоцна до јуни би требало да се заокружи тој процес“, вели премиерот..

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Најнови вести

To top