Претседатетлот на УЕФА, Александар Чеферин, за време на посетата на Скопје даде интервју за официјалната вебстраница на Фудбалската федерација на Македонија, во кое искажа комплименти за нејзиниот прв човек Масар Омерагиќ.
„Масар одлично си ја врши работата. Ние навистина ги контролираме сите сојузи, а македонскиот сојуз, откако е Масар таму, е еден од примерите за посветено работење и веќе се гледаат разликите. Секој пат кога ќе дојдам, сè е поинаку. Можеби сум малку субјективен бидејќи ми е пријател, но објективно, како претседател на УЕФА, сум презадоволен. Никогаш не би го кажал тоа јавно ако не го мислам, бидејќи тоа може да ми се врати. Му честитам на него и на целиот тим. Мило ми е што ги доближи сите поранешни фудбалери до Сојузот, бидејќи во многу други земји постои љубомора кон нив, а тој ги обедини и климата е одлична“, изјави Чеферин.