Македонија

Поранешната ,,мисица” е приведена по вчерашната брканица по ридовите за кравите

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, младата жена била лишена од слобода околу 9:35 часот во близина на градскиот базен.

Вчерашната акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведена со поддршка на полициските сили, за одземање на неконтролираниот добиток во Крива Паланка, доби драматичен пресврт со приведувањето на 27-годишната Јулија Ѓорѓиевска.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, младата жена била лишена од слобода околу 9:35 часот во близина на градскиот базен.

Во тој момент инспекторите се обидувале да ги соберат кравите кои веќе со години слободно талкаат низ регионот и претставуваат сериозна безбедносна и имотна опасност за локалното население.

Наместо да ја овозможи извршната постапка, Ѓорѓиевска се фрлила во потера по стадото, трчајќи по ридовите, викајќи и обидувајќи се да ги насочи животните кон планинските предели, со цел директно да го попречи спроведувањето на решението за заплена.

Овој инцидент не е изолиран случај, туку дел од подолготрајна низа на конфликти поврзани со семејството Ѓорѓиевски.

Уште во декември минатата година дојде до насилни судири при слична интервенција, кога беа приведени Јулија и нејзиниот татко, а тогашните извештаи укажуваа на агресивно однесување, вклучително и физичко напаѓање врз службените лица.

Поради тоа Обвинителството тогаш побара, а судот одобри мерки за притвор.

Граѓаните на Крива Паланка и околните села, особено Жидилово, веќе подолго време упатуваат апели до надлежните институции.

Тие се жалат дека околу 500 грла добиток (според некои извори и до 600) се движат без никаков надзор, предизвикувајќи штети на приватни имоти, земјоделски површини, градини и јавни површини.

И покрај вчерашната акција и приведувањето, на терен биле заловени единствено десетина крави, додека голем дел од стадото успеало да се повлече кон повисоките предели и продолжува да се движи неконтролирано.

Против Јулија Ѓорѓиевска, по целосно документирање на настаните, ќе биде поднесена кривична пријава за „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

Продолжува кравјата криза во Крива Паланка: Русокосата газдарица ги попречува инспекторите да ги одземат кравите (ВИДЕО)

 

Мис ,,краварката” се судри со полицијата во Крива Паланка

(ВИДЕО) Русокоса газдарица дели боксови во кал – Ескалира ,,Кравјата криза” во Крива Паланка

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top