Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

Според министерот, досегашниот модел предизвикувал задоцнувања од неколку недели до месеци, бидејќи ретките болести се дијагностицираат во се поголем број поради подобрена технологија и рана детекција, а потребите се тешко предвидливи – особено кај млади пациенти каде дозите зависат од тежината и активноста.

„Секоја година оваа категорија граѓани со ретка болест со задоцнување ги добиваа лековите или за жал чекаа по недела или месец дена. Зошто? Затоа што ретките болести се почести и кај нас и во светот, заради технологијата, методологијата на детектирање во рана фаза“, појасни Алиу.

Новиот пристап предвидува отворање на постапка за тригодишно снабдување, со доволна резерва количини. Ако во некој момент се потроши повеќе од планираното, државата ќе има време да отвори дополнителна постапка без пациентите да чекаат ниту ден.

„Методологијата се смени и сега веќе отвораме постапка за три години, која во случај ако се трошат повеќе од количините кои ќе ги имаме како држава, ние да имаме време да отвориме друга постапка, а се со цел граѓаните да ги добиваат тие лекови на време. Да бидат спокојни и граѓаните и родителите дека државата и Министерството нема да дозволат ниеден од нашите пациенти со ретки болести да чекаат ниту еден ден за овие лекови“, потенцира министерот.

Оваа промена е дел од пошироките напори за подобрување на пристапот до терапија за ретки болести, каде што досегашните годишни тендери често доведуваа до прекини во терапијата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top