Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Седницата ќе се одржи со почеток во 18 часот

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за утре, 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност, информираат од нејзиниот кабинет.

Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно.

На дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Фото: Фејсбук профил на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top