Македонија

По седум години успех во УНИБанка АД Скопје, следува нов професионален чекор за г-ѓа Милка Тодорова

УНИБанка АД Скопје

По седум години поминати во УНИБанка АД Скопје, на позиција Претседател на Управен одбор, г-ѓа Милка Тодорова својата професионална кариера ја продолжува во нови предизвици. Функцијата Претседател на Управен одбор ќе ја извршува до 31.05.2026 година.

„Периодот поминат во УНИБанка АД Скопје претставува значаен и исклучително вреден дел од мојата професионална кариера. Заедно со тимот од врвни банкарски професионалци, надминавме бројни предизвици, придонесувајќи кон исклучителни резултати во работењето. Денес, УНИБанка АД Скопје се препознава како стабилна, иновативна и современа, со силен фокус на дигиталната трансформација, безбедноста и одржливиот општествен развој. Верувам дека тимот ќе продолжи со истата енергија, визија и посветеност во реализацијата на започнатата стратегија, водејќи ја Банката кон нови успеси и уште поголеми достигнувања.„ – изјави г-ѓа Милка Тодорова.

„Г-ѓа Милка Тодорова учествуваше во креирање на стратегии што резултираа со раст и јасно диференцирање на Банката на пазарот. Значително придонесе кон растот и развојот на УНИБанка АД Скопје, зајакнувајќи ја репутацијата на Банката и одржувајќи прифатливо ниво на ризик. Во текот на нејзиниот мандат, капиталот и добивката се удвоени, при што Банката ја зачува својата финансиска стабилност. Благодарни сме за нејзиниот професионален ангажман и лидерство, во наредниот период јавноста ќе биде навремено информирана за назначувањето на нов Претседател на Управниот одбор„ – изјавија од УНИБанка АД Скопје.

УНИБанка АД Скопје неколку години по ред остварува исклучителни резултати. Минатата година оствари добивка од 8 милиони евра, бележејќи истовремено раст во сите сегменти од банкарското работење. Овие резултати ја потврдуваат стабилната стратегија, ефикасното управување и континуираното зајакнување на позицијата на Банката.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Визер“ ги запира сите летови кон Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија

Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

Општините во фокус: Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот Перински.

ИНА: Ако продолжи одбивањето на сосопственоста на Албанците врз државата, тие ќе се радикализираат, ќе бараат целосна автономија и ќе се исцртаат границите!

„Ако македонската политичка елита продолжи да го игнорира албанскиот јазик и да отфрла дека и Албанците се сосопственици на оваа држава, тогаш таквото одбивање неодбежно ќе доведе нѐ до поделба, до радикализација на албанските барања и до нивно барање за целосна автономија со исцртани граници.“ – наведува информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ во својот уреднички коментар со наслов „Отфрлањето на албанскиот јазик од страна на Македонците: Тивкото самоубиство на државата, која одбива сосопственост“.

Невидена трагедија: Мајка и дете денес околу 14 часот се фрлиле од зграда кај „Алумина“ во Скопје!

Страотна трагедија се случи денес попладнево: мајка на возраст од околу 45 години и дете на возраст од околу 10 години се фрлиле од зграда кај „Алумина“ во Скопје и потоа починале на самото место. Идентитетот на жртвите засега не е познат, а увидни екипи на полицијата и обвинителството се на местото на настанот.

To top