Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти.

Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка и запалка во пределот на раката, по што натпреварот кратко бил прекинат и продолжен по проценка на главниот судија.

Во извештајот се наведува дека кон официјалните лица биле фрлани и опасни предмети, меѓу кои и скалпел, што претставува сериозна закана за безбедноста на службените лица и учесниците во натпреварот.

По завршувањето на средбата, надворешно лице влегло на теренот и упатувало закани кон главниот судија и неговиот асистент. Во тој момент дел од публиката повторно почнала да фрла предмети кон теренот, по што судискиот тим, кој веќе се упатил кон соблекувалните, бил принуден да се врати на теренот од безбедносни причини.

Во подтрибинскиот простор, истото лице ги чекало судиите пред нивната соблекувална и повторно трчајќи кон нив упатувало закани. Главниот судија побарал од присутните службени претставници лицето да биде отстрането. Според наводите во извештајот, директорот на клубот Цуцули изјавил: „Оставете го, тој е син на газдата“.

Понатаму се наведува дека од делегатот на натпреварот било побарано настанот да биде евидентиран во записникот, по што лицето се упатило кон излезот со цел да избегне идентификација.

Фудбалската федерација на Македонија информира дека сите настани се службено констатирани и ќе бидат предмет на разгледување и постапување од страна на надлежните дисциплински органи, согласно важечките прописи, при што нема да има отстапување во примената на правилата.

Најнови вести од: Спорт

To top