Бизнис

„ОНЕ Македонија“ и „Ериксон“ со договор за развој на најсовремена 5G самостојна мрежа

Договорот ја опфаќа испораката на опрема за Радио-пристапна мрежа (RAN) и за Основната мрежа (Core), вклучувајќи го и целиот релевантен софтвер, услуги за имплементација и долгорочна техничка поддршка

One Macedonia Telecommunications ДООЕЛ, членка на 4iG Групацијата, на Светскиот мобилен конгрес во Барселона (Mobile World Congress 2026) потпиша договор за испорака и услуги со Ericsson за развој на најнапредната гринфилд 5G самостојна (SA) мобилна мрежа во Северна Македонија.

Договорот ја опфаќа испораката на опрема за Радио-пристапна мрежа (RAN) и за Основната мрежа (Core), вклучувајќи го и целиот релевантен софтвер, услуги за имплементација и долгорочна техничка поддршка. Во рамки на четиригодишниот договорен период, од 2026 до 2029 година, Ericsson ќе биде ексклузивен технолошки партнер за воведувањето на новата 5G SA мрежа на One Macedonia, која ќе вклучи повеќе од 500 5G базни станици во период од четири години. По инвестицијата во фреквенцискиот спектар во јануари, овој договор ја забрзува реализацијата на инвестициската стратегија на 4iG во висина од 100 милиони евра за Северна Македонија.

Церемонијата на потпишување се одржа на MWC 2026, најголемиот светски настан за телекомуникациската индустрија, што ја истакнува меѓународната важност на проектот и улогата на Северна Македонија во регионалната стратегија за проширување на 4iG Групацијата.

Овој договор претставува важна пресвртница по минатогодишното Писмо за намери и формално го иницира распоредувањето на комплетната мрежа во Северна Македонија.

One Macedonia ќе има една од најмодерните 5G Standalone мрежи изградени во регионот. Како гринфилд проект, инфраструктурата може да се дизајнира без ограничувања кои ги наметнуваат наследени системи, овозможувајќи високобрзинска поврзаност, ултраниска латентност, напредна стабилност на мрежата и енергетска ефикасност. Архитектурата на мрежата за корисниците, компаниите и јавните институции ќе обезбеди дигитална платформа подготвена за иднината.

Имплементацијата ќе биде целосно усогласена со обврските дефинирани во лиценцата за фреквенциски спектар која на 23 јануари 2026 година беше доделена на One Macedonia. Лиценцата предвидува 5G покриеност во најмалку еден град до март 2027 година, покриеност на главните транспортни правци до март 2029 година, целосна покриеност на сите градови до март 2031 година, како и национална покриеност до март 2033 година.

„Денес преминуваме од стратегија кон реализација. Наместо надградба на стара мрежа, градиме целосно нова, безбедна дигитална основа, која е отпорна на идните предизвици за Северна Македонија. Со партнерството со Ericsson можеме да обезбедиме нашата инфраструктура да ги исполнува највисоките европски стандарди за перформанси, доверливост и безбедност. Потпишувањето на овој договор на Светскиот мобилен конгрес ја одразува нашата амбиција да ја позиционираме Северна Македонија цврсто во рамки на глобалниот дигитален екосистем“, изјави Брано Ѓуровиќ, извршен директор на One Macedonia.

Ericsson, исто така, ја нагласи стратешката важност на партнерството.

Изградбата на гринфилд 5G Standalone мрежа нуди единствена можност од првиот ден да се обликува отпорна, безбедна и високо скалабилна 5G инфраструктура. Горди сме што го поддржуваме One Macedonia и 4iG Групацијата во воведувањето инфраструктура, која е подготвена за иднината, базирана на најновата технологија на Ericsson и глобалните најдобри практики. Оваа мрежа ќе ја обезбеди основата за напредни дигитални услуги, овозможувајќи иновации, деловен раст и подобрена поврзаност низ Македонија“, изјави Антонио Пасарела, раководител за Централна Европа и Северен Балкан, Ericsson.

Договорот опфаќа договор за испорака со Ericsson AB во Шведска и договор за услуги со Ericsson Македонија во Скопје. Оваа комбинација на глобална технолошка експертиза и силни локални капацитети за имплементација обезбедува исклучителна ефикасност во текот на целиот процес на реализација.

Овој чекор го означува почетокот на фазата на извршување на планот за развој на мрежата на One Macedonia, зацврстувајќи ја нејзината посветеност на долгорочни инвестиции, транспарентност и регионална дигитална интеграција.

За One Macedonia

One Macedonia е најновиот мобилен мрежен оператор во Северна Македонија и компанија која е во целосна сопственост на 4iG Групацијата, една од водечките телекомуникациски и ИКТ корпорации во Централна и Источна Европа. Во рамки на стратегијата за проширување на 4iG на Западен Балкан, One Macedonia гради гринфилд 5G Standalone (SA) мрежа дизајнирана да ги исполни највисоките европски стандарди за безбедност, перформанси и доверливост.

Поткрепена со регионалната експертиза на 4iG во телекомуникациска инфраструктура, ИТ интеграција и дигитални услуги, One Macedonia комбинира меѓународно технолошко знаење со силни локални партнерства. Компанијата е посветена на долгорочни инвестиции, транспарентно работење и целосна усогласеност со регулативата, придонесувајќи за модернизација на дигиталниот екосистем во Македонија и зајакнување на регионалната поврзаност низ Западен Балкан.

Најнови вести од: Бизнис

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

(Фото): Инфлацијата во Македонија во јули забави на 2,3 проценти

Индексот на трошоците на животот во јули 2026 во однос на јули 2025 , бележи зголемување од 2,3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Станува збор за благо забавување на инфлацијата ако се земе предвид дека во јуни годишната стапка на инфлација изнесуваше 3,4 проценти.

„Тинекс“ основаше фирма-ќерка и ги префрли маркетите како подружници, дали ќе одат на продажба?!

Како подружници кај „Тинекс Маркет“ се регистрирани 44 дисконти и маркети, меѓу кои и оние под брендот „Деликатес“, „Конто“ и „Супер“, како и магацинот за пакување и погоните за месо.и подготовка на готвени јадења. Префрлен е и центарот за логистика, односно за складирање стока во Петровец.

Македонското рударство продолжува да тоне, иако има на располагање големи инвестиции

Долг период рударството во Македонија нема забележано значителен раст, а четирите металични рудници кои функционираат полека ги исцрпуваат своите капацитети. Од друга страна, повеќе од 40 години се нема реализирано ниту една голема инвестиција во оваа гранка, а во моментов единствена сериозна најава има за проектот за рудник за бакар во Иловица.

To top