Македонија

Електродистрибуција со стратешки инвестиции на висок и среден напон

Милионски инвестиции за модернизација на високонапонска и среднонапонска мрежа

Електродистрибуција во првата половина од годината инвестираше над 20 милиони евра во модернизација и реконструкција на дистрибутивната мрежа на висок и среден напон. Овие значајни инвестиции се наменети за проекти чија цел e долгорочно подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето на корисниците, како и зголемување на моќноста и капацитетот на дистрибутивната мрежа.

Голем проект кој тековно се реализира во центарот на Скопје е високонапонската трафостаница 110/35/10 kV „Централна“, во чија изградба досега се инвестирани 11 милиони евра.

Другата значајна инвестиција, во проектите за каблирање, надминува 9 милиони евра. Овие проекти опфаќаат замена на постоечките надземни линии со подземни кабли и изградба на нови кабелски линии во должина од 110 километри низ повеќе локации како Аеродром, Пештани, Зајас, Тајмиште, Струмица и Делчево.

До крајот на годината планирано е и поставувањетона новиот 110 kV кабел во правец Југ Нова – Централна – Вардар.

Овие инвестиции на Електродистибуција го подобруваат нивото на ефикасност на целиот систем.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top