Македонија

Со пиштол пукал во сопругата, им се заканувал и на ќерките

Осомничениот 55.годишен скопјанец испукал еден куршум од пиштол, но за среќа, промашил а куршумот завршил во прозорец

Утрово, околу 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (55) од Скопје поради сомнение дека со оружје се заканувал на својата 48-годишна сопруга и на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, соопти МВР.

Од МВР посочуваат дека на 1 март, по претходна расправија во домот, осомничениот испукал еден куршум од пиштол кој завршил во прозорецот.

Потоа им се заканувал на 24 и 18-годишната ќерка, при што физички ја нападнал постарата.

Насилното однесување, според пријавата, било повторено и на 5 март околу 22:30 часот, кога повторно со пиштол ѝ се заканувал на сопругата, но бил спречен од ќерките да го употреби оружјето.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести од: Македонија

Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

To top