Хроника

Уште петмина лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие

Едно лице доби кривична пријава и притвор за физички напад врз сопругата под дејство на алкохол, соопшти МВР

Извршено семејно насилство лиши од слобода нови пет лица, а едно од нив доби кривична пријава и притвор во последното деноноќие, објави Министерството за внатрешни работи, кое постапило по вкупно седум пријави.

„На 29.05.2026 во 08:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.Н.(62) постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата малолетна ќерка и физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил по дејство на алкохол, односно измерени му биле 0,70 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.  Против Л.Н. е поднесена кривична пријава, а  од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и истиот е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

На 29.05.2026 во 12:25 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(40) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 49 годишна  партнерка и нејзиниот син.

На 29.05.2026 во 11:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Ц.(44) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 39 годишна сопруга.

Во СВР Тетово во текот на вечерта биле регистрирани два настани поврзани со пријави против лицето В.Р.(57) од Тетово. Имено на 29.05.2026 година во 23:40 часот, неговата 78 годишна мајка пријавила „загрозување на сигурноста при семејно насилство“, бидејќи во семејниот стан лицето кршело предмети и агресивно се однесувало. По што на 30.05.2026 година во 00:17 часот, нивната сосетката пријавила, дека на 29.05.2026 година околу 18:10 часот, В.Р. заѕвонил на нејзината врата и со остар предмет и нанел повреди.  Лицето В.Р. со асистенција на полицијата и Итната медицинска помош Тетово е пренесено и хоспитализирано во соодветна здравствена установа  во Скопје.

На 29.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 39-годишна жена пријави дека на 27.05.2026 на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот поранешен вонбрачен партнер Џ.Р. и упатил закани.

На 29.05.2026 во 15:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле Д.Д.(24) од Велес, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 25-годишна невенчана сопруга.

На 19.05.2026 година во 17:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.Н. од Охрид, во семејниот дом бил агресивен кон неговата мајка и и упатувал вербални закани по нејзиниот живот“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

Бомба фрлена кон угостителски објект во тетовското село Добарце – двајца повредени

На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од с.Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото.

Поднесено обвинение за „Еуростандард“ банка од Скопје – намерно е втурната во стечај со долг од 27 милиони евра!

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени со околу 27 милиони евра во денарска противредност. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело „Предизвикување стечај на банка“, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

To top