Македонија

Камениот мост ќе добие декоративно и архитектонско осветлување

Г радоначалникот Ѓорѓиевски имал средба со турска делегација за реализација на проектот

Камениот мост, еден од главните симболи на Скопје и значајно културно-историско наследство, ќе добие современо декоративно осветлување, внимателно усогласено со неговите архитектонски карактеристики, што ќе ја истакне неговата историска убавина и симболика, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

За таа цел денеска тој имал средба со  делегација од турската општина Есенлер и со раководството на Халкбанк АД Скопје на која е потпишан Протокол за пријателство и  соработка за имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.

-Во рамките на проектот ќе бидат поставени современи LED-светилки, рефлектори и системи за контрола на осветлувањето, со што мостот ќе добие нова естетска димензија и уште посилно ќе го истакне својот историски идентитет. Со новото декоративно осветлување, Камениот мост ќе добие уште поголема препознатливост и ќе стане вистински ноќен симбол на Скопје, кој ќе ја истакне богатата историја и убавината на нашиот град. Упатувам искрена благодарност до Општина Есенлер за поддршката и посветеноста во реализацијата на овој значаен проект, како и до Халкбанк АД Скопје и до сите институции и поединци кои придонесоа за неговата подготовка и реализација. Оваа соработка е уште една потврда за силните пријателски односи, меѓусебната доверба и заедничката посветеност во унапредување и зачувување на културното наследство на Скопје, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Во составот на делегацијата биле заменик-градоначалникот на Општина Есенлер, Омер Четинкаја, членот на Советот на Општина Есенлер, Орхан Вардар, главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Фатих Шахбаз, членот на Советот на Град Скопје и член на Комисијата за меѓународна соработка Зекерија Бериша и почесниот конзул на Турција Ајдован Адемоски. На средбата присуствувал и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој.

Најнови вести од: Македонија

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

To top