Македонија

ВРЕДИ: На Али Ахмети му недостига Србија

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, продолжува да го оплакува „Отворен Балкан”

 Во повторен обид да го рехабилитира агресорот, тој вели дека регионалниот мир се гради во соработка со Србија, соопштија од ВРЕДИ.

„Со истата Србија што не го признава Косово, не побарала извинување за геноцидот од ’99 година и продолжува да спонзорира терористички напади како оној во Бањска, за кој Ахмети никогаш не проговорил.

Со истата Србија што продолжува да не ја признава независноста на Косово, која ние ја гледаме како предуслов за нормализација на односите меѓу двата народа.

Владата во која партиципира ВРЕДИ има јасно определба: врска со Албанија и Косово преку Коридорот 8, автопатот Скопје – Блаце, патот Тетово – Призрен и „One Stop Shop” на граничните премини.

А, носталгичарите на „Отворен Балкан” треба да сфатат дека националното прашање никогаш повеќе нема да биде заложник на тесни групни и семејни интереси, ниту монета во сомнителните трансакции на сватот што ни ја донесе Алта банка.

Најнови вести од: Македонија

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

УКИМ не платил сметки за струја, ако не се плати долгот – факултетите ќе останат во мрак

Дел од државните факултети и Ректоратот од утринава се во мрак поради неплатени сметки за електрична енергија. Ова за Телма го потврдија и од ЕВН. Без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно – математичкиот, земјоделскиот факултет, но и зградата на Ректоратот.

To top