Македонија

Стојкоски: На повеќе од 30 бензински пумпи имало прекин во точењето гориво, но продолжија, по дополна на резервоарите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денес информираше дека над 300 инспекциски контроли се извршени на бензинските пумпи во државата за да се провери дали се точело гориво под пазарни принципи по одлуката за зголемување на цените од полноќ.

Дали ќе има санкционирање поради утврдени неправилности, ДПИ ќе информира дополнително, но засега е констатирано само дека кај над 30 бензински станици имало прекин во снабдувањето од објективни причини.

– Увидено е дека 30-тина бензински станици ги истрошиле залихите, престанале со точење, меѓутоа по час, два, можеби по четири часа, по ново танкирање на резервоарите, продолжуваат со точење на гориво. Таква беше ситуацијата со овие три-четири дена, рече Стојкоски.

Најнови вести од: Македонија

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот, Светлана Колариќ, во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица.

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

Најнови вести

To top