Македонија

Николоски пред претставници на Светска банка ги презентирал плановите за коридорите 8 и 10 и модернизацијата на железницата

Догорочен раст и зголемена конкурентност

Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството со Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкурентност, наведува во објава на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во посета на САД.

Николоски истакнува дека инвестициите во инфраструктурата, транспортот и јакнење на економијата во државата биле главни тема на разговорите на високо ниво што ги водел со претставниците на Светска банка во Вашингтон.

– Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата.Согласни сме дека заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкуретнтност. Ги презентирав плановите за реализацијата на клучните стратешки коридори 8 и 10. Зборувавме и за можностите за модернизација на целата железница во државата. Најавуваме нови проекти за општините со кои ќе го подигнеме локалниот економски развој и квалитетот на живот на нашите граѓани – објави на својот фејсбук профил вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Преку отворен и искрен социјален дијалог креираме одржливи и фер политики кои се од интерес за сите страни

„Креирање на трудови политики и законска рамка“, која се одржа во рамки на конференцијата „Трудови политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“

To top