Македонија

Адвокат го жали СДСМ: На денот на национална трагедија се собрале да бркаат членови

,,СДС на нашата земја немале попаметна работа освен да свикаат итен состанок за да се занимаваат со Петре Шилегов”

Некогашниот судија во Кривичниот Суд во Скопје а сега адвокат Владимир Туфегџиќ на социјалните мрежи оценува дека СДСМ станала партија за жалење.

Туфекџиќ чија ќерка беше пратеник на СДСМ за време на првата влада на Заев реагира на одлуката за исклучување на Петре Шилегов од редовите на СДСМ.

,,Денеска на денот на најголемата и најстрашната трагедија во Македонија СДС на нашата земја немале попаметна работа освен да свикаат итен состанок за да се занимаваат со Петре Шилегов. Станавте партија за жалење, не сте веќе ни шала ни комшика” напиша Туфегџиќ, пренесува 24инфо.мк.

Претходно Извршниот Одбор на СДСМ покрена иницијатива за исклучување на Петре Шилегов од партијата.

Шилегов најави дека утре ќе коментира за психотропни супстанци на одредени личности во партијата.

Најнови вести од: Македонија

Изјавите на Пендаровски за употреба на албанскиот јазик не се точни

Особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации

To top