Македонија

Банкарската службеничка Б.Б.И. (31) од Тетово примените 39 илјади евра од тетовец наместо на негова сметка си ги ставила во џеп!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка. Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.

Оштетениот на 18 ноември 2025 година повторно отишол во банката, каде по средба со овластено лице од филијалата истиот ден му бил вратен дел од парите. За преостанатиот износ бил упатен кај управител на правно лице, кој исто така му вратил дел од сумата, но не и целокупните 39.000 евра.

СВР Тетово информира дека за случајот е поднесена кривична пријава против Б.Б.И.

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

To top