Македонија

Ѓорѓиевски: Нова зона и нови дигитални услуги за корисниците на „Градски паркинг“ – чекор напред кон поуредено и пофункционално секојдневие во Скопје!

Денес заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Владимир Кроневски го означивме почетокот на нов, современ начин на користење на услугите, како и стартот на новата зона Д 12 во Реонскиот центар во Општина Аеродром. Станува збор за простор кој се уредуваше во повеќе фази, поради неговата големина и значење. – објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на свјот официјален фејсбук-профил.

Натаму во објавата преку општествената мрежа првиот човек на македонската метропола истакнува: По добивањето на сообраќајното решение, пристапивме кон целосно уредување на јавната површина со поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, со што во функција се ставаат 1302 паркинг места, дополнети со 32 наменети за лица со попреченост, односно вкупно 1334 уредени паркинг позиции.
Зоната ги опфаќа улиците 1612 и 1613, односно целиот Реонски центар.


Од 1 април, сите станари, како и физичките и правните лица со издадена дозвола, ќе можат да паркираат исклучиво во зоната за која ја поседуваат дозволата.
Станарите добиваат можност за две бесплатни дозволи за станарски возила, а право на паркирање ќе имаат и вработените во правни субјекти кои гравитираат на зоната, како и останатите заинтересирани корисници.

За другите цената ќе изнесува 25 денари за час. Канцеларијата за аплицирање се наоѓа во зградата на Рударски институт на бул. ,,Јане Сандански” бр.113. Напоредно со ова воведуваме и нов, дигитален пристап кон услугите. Од 01.04.2026 година, ќе може да се поднесуваат барања за дозволи по електронски пат преку платформата „moj.parking.mk“, за сите паркиралишта под надлежност на „Градски паркинг“ – зонско паркирање, паркиралишта со рампа и катни гаражи.



Истовремено, овозможено е и онлајн плаќање на месечните и годишните дозволи, со што значително се поедноставува и забрзува целиот процес.
Дополнително, во тек е подготовка на нова зона за паркирање во Ново Лисиче, каде што веќе се поставува соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација и дополнително ќе се пристапи кон поставување на информативни табли за зонско паркирање, која ќе овозможи 2719 места.


Посветено работиме на воведување ред во паркирањето, намалување на сообраќајниот хаос и создавање фер и функционален систем кој ќе им служи на граѓаните. Работиме на обезбедување уреден јавен простор, еднакви правила за сите и современи услуги што го олеснуваат секојдневието. – порача преку фејсбук градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Скандалозно писание на Буџови: „Илинденското“ востание ги штитеше бугарските интереси и беше во спротивност со проектот за создавање обединета Албанија?!

„Илинденското’ востание ги штитеше бугарските интереси. Тоа беше во спротивност со интересите на албанското национално движење и барањата на ‘Албанската Призренска лига’ и ‘Лигата од Пеќ’ за создавање обединета Албанија.“ – ова го наведува косовскиот историчар Јусуф Буџови во неговото противмакедонско писание во вид на некаква колумна. Toa беше објавено „пригодно“ нималку случајно токму вчера, на 2 август, на денот кога македонскиот народ го слави Илинденското востание, еден од најголемите државотворни празници во својата национална и политичка историја. Овие скандалозни наводи на Буџови се не само негов обид да се понижат македонскиот народ и македонската револуционерна борба за слобода, туку и намера да се прикажат како бугарски македонската историја и Илинденското востание – ставови на иста линија како и ставовите на официјална Софија.

„Газдарицата“ на „Камените кукли“ С.Д. (41) од Кратово физички нападнала вчера повеќе посетители на јавната археолошка месност!

Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица, кои биле посетители.

Муцунски: Работиме на трајно решение за деблокада на евроинтеграциите, но не по секоја цена!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски во интервју за Македонската информативна агенција – МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира европскиот пат на Македонија, но не откривајќи повеќе детали.

To top