Ивајло Валчев, член на Европскиот парламент од Бугарија, алармира за, според него, поголемото разбирање за позициите на Македонија отколку на Бугарија во однос на евроинтеграцијата.
„Бугарската дипломатија претпочита да работи потивко. Но, во овој случај, тоа не ни помага. Во моментов, земја-кандидат, со своите каприци и барања во врска со овој извештај, наидува на поголемо разбирање отколку земја-членка. Тие посегнуваат по основните принципи на работата на ЕП и европското право и воспоставените дипломатски правила“, се пожали тој во подкастот на „Дир.бг“.
„Република Северна Македонија буквално се обидува да го отстрани Протоколот 2 од преговарачката рамка, исклучувајќи секаков разговор за Историската комисија. Ова е обид уште еднаш индиректно да се внесат прашањата за јазикот и за идентитетот во новиот извештај за напредокот на Република Северна Македонија кон ЕУ“, предупреди европратеникот од Групата на европските конзервативци и реформатори.