Студентите во Македонија имаат можност да аплицираат за субвенционирани студентски оброци во рок од пет дена. Оние кои го изгубиле ова право, но сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат.
Министерството за образование и наука објавува дека рокот за аплицирање е од 1 до 5 април 2026 година.
Аплицирањето се врши електронски преку платформата: https://e-uslugi.mon.gov.mk.
Ова право можат да го користат редовни студенти на додипломски студии со месечен приход помал од нето минималната плата, како и постдипломски и интегрирани студенти, на јавни и приватни универзитети во земјата.