Бизнис

Кризата ќе ги помати очекувањара за растот на македонската економија?! Што прогнозира ММФ?!

ММФ препорачува да се подобрат перформансите на државните претпријатија што е од суштинско значење за да се обезбеди ефикасност на распределбата на јавните ресурси и да се ограничат фискалните ризици.

Иако економијата забележа висок раст од 3.5%, а инфлацијата за намали на 2,9% лани, годинава се очекува шокот на цените на енергијата што произлегува од тековната војна на Блискиот Исток да го попречи растот и повторно да ги разгори инфлациските притисоци. Се предвидува дека реалниот раст на БДП ќе забави на 3,1 проценти во 2026 година и ќе се приближи до проценетиот потенцијал од 3% на среден рок. Во исто време, се очекува повисоките глобални цени на нафтата да ја зголемат инфлацијата на околу 4,5% во 2026 година, што исто така предизвикува загриженост за прифатливоста на енергијата. Ова е оценка на  Меѓународниот монетарен фонд во изјавата по посетата на земјава.

Од таму препорачува мерките за ублажување на ефектите од кризата да бидат ефикасни и да се укинат брзо. Според Фондот, поддршката на домаќинствата како одговор на тековниот шок на цените на енергијата треба да биде добро насочена, бидејќи субвенциите за сите нивоа, вклучително и генерализираните намалувања на даноците, се неефикасни и регресивни.

  • „За да го ублажат влијанието, властите привремено го намалија ДДВ на горивото од 18 на 10% и ослободија тешко гориво од државните резерви за да помогнат во ограничувањето на трошоците за производство на електрична енергија, но оваа мерка треба да се укине постепено и брзо“ се наведува во изјавата.

Поради повисокиот увоз на енергија, се предвидува дека дефицитот на тековната сметка ќе се прошири на околу 5% од БДП во 2026 година, пред постепено да се стесни на околу 3% од БДП на среден рок, како што се нормализираат глобалните пазари на стоки.

Продолжениот конфликт на Блискиот Исток и повисоките цени на енергијата, заедно со послабиот раст во ЕУ, би можеле дополнително да ја забават економската активност, да ја одржат инфлацијата повисока подолго време, да ја ослабат надворешната позиција и да ја одложат тековната фискална консолидација.

  • „На домашен план, фискалните отстапувања, особено од континуираните ад хок зголемувања на платите и пензиите, како и пречекорувањата на трошоците во големите инфраструктурни проекти, би можеле да ја попречат фискалната консолидација и да ја еродираат довербата на пазарот3, се вели во изјавата.

Буџетскиот дефицит за 2025 година е задржан на 4% од БДП, додека јавниот долг останува околу 60%. Сепак, постојат ризици од зголемување на дефицитот доколку не се спроведат планираните даночни мерки и контрола на јавната потрошувачка.

Од Фондот препорачуваат постепено намалување на дефицитот на 3,5% во 2026 година, како и продолжување на фискалната консолидација на среден рок. Посебен акцент се става на подобрување на наплатата на даноци, намалување на даночните ослободувања и реформи во пензискиот систем.

  • „Се препорачува насочување на јавниот долг (без гаранции) под 45% од БДП до 2035 година, што бара дефицит од 2% од БДП до 2030 година во споредба со 3% во основните проекции“.

Во делот на монетарната политика, се оценува дека е потребно дополнително заострување за да се стабилизира инфлацијата.

  • „За да апсорбира повеќе ликвидност и да го подобри преносот, Народната банка треба да ги префрли своите аукции на благајнички записи на целосна распределба и да ја зголеми својата каматна стапка. Доколку е потребно, би можеле да се зголемат и задолжителните резерви“, се наведува во изјавата.

Според ММФ, банкарскиот сектор останува стабилен, иако се забележува зголемен ризик од прегревање на пазарот на недвижности.

  • „Зголемената изложеност на недвижности бара континуирано внимателно следење. Доколку притисоците врз кредитниот и станбениот пазар продолжат во наредните месеци, ќе бидат потребни дополнителни макропрудентни мерки за понатамошно зајакнување на капиталните бафери и ублажување на ризиците“, се наведува во изјавата.

Се нагласува дека структурните реформи се клучни за долгорочен раст, со приоритети во подобрување на владеењето на правото, пазарот на труд, управувањето со државните претпријатија и енергетскиот сектор.

ММФ препорачува да се подобрат перформансите на државните претпријатија што е од суштинско значење за да се обезбеди ефикасност на распределбата на јавните ресурси и да се ограничат фискалните ризици.

  • „Претстојниот закон за државни претпријатија треба да му даде на Министерството за финансии овластување да ги надгледува главните финансиски одлуки од страна на државните претпријатија“, е една од препораките.

Особено се истакнува потребата од реформи за зголемување на енергетската ефикасност и сигурност, како и постепено усогласување на цените на електричната енергија со реалните трошоци.

Најнови вести од: Бизнис

ММФ за Народна банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

ММФ искажува задоволство и од посветеноста на усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што ќе придонесе за натамошно јакнење на супервизијата, решавањето банки и на целокупната финансиска стабилност.

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

Вучиќ разговарал со Путин, Србија и понатаму ќе добива двојно поевтин гас од Русија отколку на берза

Во случај на копнена инвазија врз Иран, светот, а особено Европа, ќе се соочи со најголемата енергетска катастрофа во историјата, предупреди српскиот претседател

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

To top