Бизнис

Признание за „Алкалоид“ на 75-годишнината од Државниот архив на Македонија

Архивот не е само збир на документи, туку жив доказ за постоењето, континуитетот и идентитетот на државата, истакна Мукаетов

Македонскиот фармаветски гигант „Алкалоид“ доби признание од Државниот архив на Македонија, кој одбележува 75 години од своето постоење.

На свеченоста за јубилејот благодарницата за континуираната поддршка и придонес во развојот и афирмацијата на Државниот архив ја прими генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Тој истакна дека Архивот не е само збир на документи, туку жив доказ за постоењето, континуитетот и за идентитетот на една држава, додавајќи дека при неодамнешното истражување за потеклото на документацијата на „Алкалоид“ се увериле во исклучителната вредност на фондот што го поседува Државниот архив, оценувајќи дека станува збор за институција со богато историско и документарно наследство.

Директорот на Државниот архив, Димитар Богески, посочи дека 75 години од основањето на институцијата не се само бројка, туку доказ за долгогодишната работа и посветеност на многу генерации архивисти и вработени.

Државниот архив е формиран на 1 април 1951 година со указ на тогашната Влада на Народна Република Македонија, а низ децениите прерасна во еден од најзначајните столбови на македонскиот идентитет и културно наследство.

Институцијата функционира преку девет подрачни одделенија и девет подрачни архиви, во кои се чуваат околу 8.000 архивски фондови, односно приближно девет километри архивски материјал.

 

 

 

 

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

Најнови вести

To top