Спорт

Вардар најде лек за Алкалоид во второто полувреме

„Црвено-црните“ славеа со 34:28 и останаа единствени со максимални 22 бода, а за „фармацевтите“ ова е прв пораз

Ракометарите на Вардар остануваат единствени со максимални 22 бода откако во дербито на 11. коло од македонската Суперлига му го нанесоа првиот пораз на Алкалоид, совладувајќи го со 34:28.

Првото полувреме заврши нерешено 17:17, а резултатската нишалка заврши по 22:21 за „црвено-црните“, кои од тој момент почнаа да создаваат и да ја зголемуваат предноста, која десет минути пред крајот достигна седум гола.

Дмитро Хориха кај Вардар и Мартин Серафимов кај Алкалоид беа најефикасни на средбата со по девет погодоци, а клучен придонес за победата на двократниот европски шампион даде голманот Васил Гогов со своите осум успешни интервенции.

По 11 кола веднаш зад вардарци е првакот Еурофарм Пелистер со 19 бода, Алкалоид е трет со 18, а кругот на претенденти за титулата засега го затвора Охрид со 17.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top