Свет

Пресуда: ЕК мораше да ги објави СМС-пораките на Фон дер Лајен за набавката на вакцини

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, во екот на пандемијата на коронавирусот, пресуди највисокиот суд на Европската унија, објави „Политико“. Новинарите бараа увид во тајните пораки меѓу претседателот на Европската Комисија и раководителот на фармацевтска компанија, кои ги разменија […]

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, во екот на пандемијата на коронавирусот, пресуди највисокиот суд на Европската унија, објави „Политико“.

Новинарите бараа увид во тајните пораки меѓу претседателот на Европската Комисија и раководителот на фармацевтска компанија, кои ги разменија во пресрет на потпишувањето на договорот за вакцини вреден повеќе милијарди долари меѓу Фајзер и ЕУ.

Оваа пресуда би можела да има големи последици врз транспарентноста и одговорноста во ЕУ и претставува сериозен удар врз угледот на Урсула фон дер Лајен.

Во соопштението,Судот дадава дека Комисијата не успеала убедливо да објасни зошто смета дека текстуалните пораки разменети во контекст на набавката на вакцина против коронавирусот не содржат важни информации.

Постоењето на овие пораки, кои Комисијата првично не ги потврди, беше откриено во интервјуто што фон дер Лајен го даде за „Њујорк тајмс“ во 2021 година. Сепак, извршната власт на ЕУ изјави пред суд во Луксембург за време на сослушувањето минатата година дека нивната содржина не е доволно значајна за да се смета за документи и затоа не се регистрирани или достапни за новинарите.

„Комисијата не може само да тврди дека ги нема бараните документи, туку мора да даде веродостојни објаснувања што ќе им овозможат на јавноста и на Судот да разберат зошто овие документи не можат да се најдат“, се вели во соопштението на судот.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top