Македонија

Државата ќе дава ваучери до 83.000 денари – Кој се може да аплицира?!

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Убава вест за домаќинствата со помалку примања. Државата реши да го одврзе ќесето и да им помогне на оние, на кои помошта им е и повеќе од потребна. Конкретно, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година.

За прв пат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи во хартиена форма и чекање пред архиви, апликантите ќе можат да го завршат целиот процес онлајн – брзо, едноставно и без непотребни административни бариери. Ова претставува конкретен чекор кон дигитализација и модернизација на јавните услуги, со јасна цел – институциите да бидат поблиску до граѓаните и нивните реални потреби. Начинот на аплицирање ќе биде детално објаснет и јавно достапен, за да се обезбеди еднаков пристап за сите заинтересирани.

Јавниот повик се спроведува согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година и предвидува доделување на ваучери за набавка и вградување на инвертер клима уреди со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, со што директно се придонесува кон намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Најнови вести

To top