Македонија

Македонската армија ќе добие американски пушки M4

Оваа пушка е симбол на модерното пешадиско вооружување на западните земји

Министерството за одбрана на САД соопшти дека му доделило на локалниот производител на оружје „Колтс мануфактуринг“ договор со максимална вредност од 40,86 милиони долари (35,4 милиони евра) за производство на карабини М4/М4А1 за странски партнери, вклучувајќи ја и Македонија.

„Договорот со фиксна цена, на база „неопределена испорака/неопределена количина“ ќе ја поддржи продажбата на странска воена опрема во Македонија, Босна и Херцеговина, Ирак и Тунис“, соопшти Министерството.

Договорот истекува на 31 март 2031 година.

Пушката M4 – карабин е симбол на модерното пешадиско вооружување на Западот. Станува збор за компактна автоматска пушка калибар 5,56 милиметри, која со години е стандард во американската армија и во бројни сојузнички сили. Нејзиниот дизајн директно произлегува од легендарната M16-рајфл, но е прилагоден за потребите на современото бојно поле – побрза реакција, поголема подвижност и подобра контрола во динамични ситуации.

Развиена во 80-тите години, а официјално воведена во употреба во средината на 90-тите, М4 првично била наменета за специјални единици и екипажи на оклопни возила. Но, токму нејзината практичност – пократка цевка и прилагодлив кундак – довела до тоа брзо да стане прв избор и за класичната пешадија. Денес, во многу армии, таа практично ја има заменето М16 како основно лично оружје на војникот.

Она што ја издвојува М4 е нејзината модуларност. Пушката може лесно да се „надгради“ со оптички нишани, ноќна опрема, ласери или додатоци за различни борбени сценарија. Тоа значи дека истото оружје може да се користи и во урбани операции, и во ноќни мисии, и во класични теренски услови – нешто што современите армии го сметаат за клучна предност.

Во техничка смисла, М4 е оружје со висока стапка на оган и солидна прецизност на средни дистанци. Стандардно користи рамки со 30 куршуми, а нејзиниот ефективен дострел е околу половина километар. Комбинацијата од релативно мала тежина, контролиран одскок при пукање и брзо ракување ја прави особено погодна за брзи и непредвидливи ситуации на терен.

Токму затоа, М4 денес е дел од арсеналот на десетици држави и учесник во речиси сите современи конфликти. За многу армии, нејзиното воведување значи чекор кон стандардите на НАТО и модернизација на пешадиското вооружување.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top