Македонија

„Ми се гади од вакви ‘протести’“: Д-р Лазаров за немањето македонско знаме и скандирањето УЧК

Во реплика на самонаречениот претседател на половина свет, докторот заклучува дека протестот имал логика пред штаб на ДУИ

Ненад Лазаров му реплицира на својот колега доктор Бујар Османи, кој во објава на Фејсбук даде поддршка за протестот за полагање правосуден испит на албански јазик.

1 знаме на државата во која живеете и барате нема на протестов, цел живот е колегава у политика што не направи поише?

Логика секаква има протестов пред штаб на ДУИ, истите што ве користат ко статисти за да се вратат на фотеља!
Исто така и скандирање УЧК смета и тоа многу!
Правото на мајчин јазик во 21 век за мене како интелектуалец е неоспориво и ве поддржувам, ама ми се гади од вакви “протести”.
Еве ја ќе ставам знаме место вас
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰“, му напиша Лазаров на поранешниот министер за надворешни работи и самонарачен „претседател на половина свет“ додека претседаваше со ОБСЕ. 

 

Најнови вести од: Македонија

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Стојанче Ангелов најави ангажман на пензионирани полицајци, војници и поранешни припадници на безбедносните сили, кои по обука ќе помогнат во справувањето со пожарите низ државата

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

Ќе се градат автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани, а Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување

Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола од проектот со „Бехтел и Енка“.

Ексградоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски оди една година во затвор, поради кривичното дело „бесправна градба“

Предметот е кај судија за извршување казни, откако Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Второстепениот суд, постапувајќи по жалбите на обвинетите и на Јавното обвинителство, донел пресуда со која ја потврдува казната за делото „Бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од 19 март до 15 август 2019 година.

To top