Македонија

Мисајловски: Стратешкото партнерство со САД клучно за трансформацијата и развојот на нашите одбранбени капацитети

Министерот за одбрана му се заблагодари на домаќинот и сојузник во НАТО за поддршката за македонската армија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната втора сесија од Стратешкиот дијалог САД – Македонија во Вашпингтон му се заблагодари на домаќинот и сојузник во НАТО за поддршката на македонската армија.

„Континуираната поддршка од САД и останатите сојузници, преку дополнителни заеднички активности, овозможува стабилен и одржлив безбедносен развој, усогласување со стандардите на НАТО и исполнување на НАТО-целите на способност“, рече тој пред претставниците на американскиот Стејт департмент.

„Во моментов во процес на набавка се 16 договори со САД кои вклучуваат опрема за различни видови одбранбени капацитети и согласно стратешките документи и Долгорочниот план за развој на одбранбени способности, разгледуваме дополнителни можности за континуиран и значаен развој на соработка со САД“, додаде министерот.

Мисајловски се осврна и на одбранбениот буџет и плановите на раст, модернизација и опремување во текот на наредните 10 години, со цел достигнување на целите договорени на последниот Самит во Хаг односно инвестирање на 3,5% од БДП во одбранбениот буџет и дополнителни 1,5% од БДП за активности и проекти поврзани со безбедноста до 2035 година и посочи дека македонската Влада е сериозно посветена во остварување на договореното.

„Инвестициите во одбраната се стратешки фокусирани во делот на модернизација, зајакнување на интероперативноста, подготвеноста и отпорноста. Остануваме целосно посветени реализацијата на НАТО – целите на способности“, подвлече Мисајловски.

 

Најнови вести од: Македонија

Преку знаење до економска независност: „Diamond Mall“ ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

Програмата е дел од определбата на Diamond Mall да создава вредност за заедницата во која работи и да отвора можности што имаат значење и надвор од просторот на трговскиот центар. Како дел од одбележувањето на својот роденден, Diamond Mall традиционално секоја година реализира општествено одговорна иницијатива, насочена кон различни потреби во заедницата и создавање долгорочна вредност.

Волонтери од ТАВ Македонија подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица

Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.

Група лекари реагираат, поради „нелегитимност и низа скандалозни одлуки“ и бараат „одговорност во Лекарската комора“!

„Како лекари и членови на Лекарската комора со длабока загриженост и чувство на професионална одговорност реагираме, поради серијата неправилности, кои сериозно го нарушуваат интегритетот на изборниот процес, а со тоа и угледот на целата наша струка.“ – стои во дописот од група на доктори кои биле вклучени во тие избори.

Бугарија бара „гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“, а Македонците за неа таму „не постојат“ и немаат никакви права!

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

Најнови вести

To top