Свет

Руте оди кај Трамп, ќе го убедува САД да не го напуштат НАТО

Клучна тема на разговор се очекува да биде фрустрацијата на Вашингтон поради тоа што сојузниците не им се придружија на САД и Израел во воената кампања против Иран

 

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја започна клучната тридневна посета на Вашингтон поради повторените закани на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на Соединетите држави од алијансата. Задачата на Руте е да го убеди Трамп за важноста на останувањето на САД во НАТО, а посетата се одвива во екот на тензијата поради одбивањето на европските сојузници да ја поддржат американско-израелската воена кампања против Иран, пишува Euronews.

Средбата на Руте со Трамп во Белата куќа е закажана за среда,…а пистигнувањето на генералниот секретар уследи по објавувањето на примирјето со Техеран во вторникот, кое, вклучува двонеделен прекин на огнот и повторно отворање на Ормускиот теснец, иако деталите од договорот остануваат нејасни.

За време на посетата, Руте ќе разговара и со членови на Конгресот, а во четврток ќе одржи говор во Институтот и фондацијата на претседателот Роналд Реган.

Клучна тема на разговор се очекува да биде фрустрацијата на Вашингтон поради тоа што сојузниците не им се придружија на САД и Израел во воената кампања против Иран, ниту им дозволија на американските авиони вклучени во конфликтот да го користат нивниот воздушен простор.

Одлуката го налути Трамп и го натера да остро ги критикува европските влади и да ја доведе во прашање вредноста на континуираното членство на САД во Алијансата. Трамп долго време го изразува своето незадоволство од, како што смета, непропорционалниот придонес на Америка за европската безбедност.

Минатата недела американскиот претседател рече дека ќе го разгледа придонесот на САД во НАТО, нарекувајќи ја Алијансата без САД „тигар од хартија“. Неговите коментари ги повтори и државниот секретар Рубио, кој најави дека САД ќе ги преиспитаат односите со своите сојузници.

Курт Волкер, поранешен американски амбасадор во НАТО, верува дека Руте се соочува со деликатен чин на балансирање меѓу Трамп и европските сојузници како Германија, Финска, Шпанија и Франција, кои јавно ја критикуваа американско-израелската кампања.

„Пораките кои доаѓаа од Европа беа катастрофални“, изјави Волкер за Euronews.

Тој смета дека било непотребно овие земји толку отворено да му се спротивставуваат на Вашингтон, сугерирајќи дека тоа придонело за негативна реакција против НАТО.

Волкер додава дека Трамп сега може да се обиде да ја „префрли вината“ за неуспесите во конфликтот врз сојузниците кои одбија да дадат поддршка. „Европејците можеа да кажат: „Ова се однесува на сите нас, ајде да видиме како можеме да помогнеме“, рече тој, истакнувајќи дека тоа не мора да значи директно воено вклучување.

Најнови вести од: Свет

Скапата нафта ќе ги приземји авионите!?

Европската аеродромска индустрија предупреди дека недостигот на гориво за авиони би можел да ја погоди европската економија во рок од три недели, нарушувајќи ги летните патувања и „значително“ предузвикувајќи штети на економијата

Турција бара 1.000 години казна затвор за Нетанјаху

Турција ги обвинува израелските власти за злосторства против човештвото, геноцид, лишување од слобода, суров третман на членови на хуманитарната флотила „Сумуд“, оштетување на имот, грабеж и запленување на возила

To top