Македонија

Штипјанецот Денис Асанов обвинет за убиство го смени исказот пред судот

Судење за убиството на штипјанката Борјанка: Асанов негира вина, обдукцијата открива брутално насилство

Ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи со главата свртена кон подот. Ја помрднал, но не давала знаци на живот. Ова е дел од исказот на 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиството на 79-годишната Борјанка Николова од Штип. Според него, тој сакал да го пријави случајот во полиција, но немал кредит на телефонот. Бидејќи било доцна во ноќта, излегол во дворот, каде што, според неговиот исказ, го пресретнале две помлади лица. Му ставиле вреќа на главата и го врзале за дрво, по што почнале да копаат дупка. Набргу им се придружило и трето лице, кое, како што тврди Асанов, го препознал како својот очув. Тој му се заканил да молчи, во спротивно ќе го запалат.

Пред судијката Јулијана Неткова, Асанов побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека „никогаш во животот ни кокошка не заклал, а камоли човек“. Во текот на рочиштето, тој на обвинителката ѝ рече дека лаже и дека не е точно она што го дал како првична изјава. На денешното рочиште Асанов изјави дека со Борјанка се познавале околу три месеци и дека таа често преспивала кај него. Како што рече, најчесто доаѓала кога била гладна или немала каде да ја помине ноќта, бидејќи го продала станот.

Според неговите зборови, тие биле само пријатели, а таа спиела во кујната. Во своето сведочење, Асанов наведе дека двајцата помлади му рекле дека по два до три дена ќе се вратат да го земат телото. Откако не се појавиле, размислувал да го пријави случајот, но се плашел. Подоцна, кога бил контактиран од полицијата, решил да им каже дека во неговиот двор се наоѓа тело.

Пред него, во судницата сведочеше и вештак, професор по судска медицина, кој ја извршил обдукцијата. Според наодот, жртвата имала скршени осум ребра, а повредите на градниот кош укажуваат на силен притисок, најверојатно нанесен со колено. Телото на Борјанка било пронајдено најмалку две недели по смртта, а недостасувале главата и нозете, кои биле отстранети по настапувањето на смртта. Идентитетот на жртвата бил потврден преку ДНК анализа.

Според обвинението, убиството се случило во периодот од 6 октомври до 10 ноември минатата година, во домот на обвинетиот, при вршење родово базирано насилство. Откако ја убил, телото го закопал во дворот. Деловите што недостигаат сè уште не се пронајдени.

Најнови вести од: Македонија

Во Истанбул ќе се одржи бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција

Овие настани претставуваат дел од пошироките напори за промоција на економските потенцијали на земјата и привлекување нови странски инвестиции преку директна комуникација со меѓународната бизнис-заедница.

Мицунски: „На Западен Балкан му е потребен европски пат, а не на постојано одложување“

„Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан“, им предочи шефот на македонската дипломатија

Мартина Димовска, преку НАСА до ѕвездите

Нииој не очекувал некој од мал град, од земја на Балканот, без развиена вселенска инфраструктура, да успее да стигне до центрите на НАСА, аналогните мисии на астронаутите и да работи на системи кои ќе го обликуваат идното човечко присуство на Месечината и Марс

To top