Бизнис

Дизелот во регионот од 1,59 евра во Македонија до 2,33 евра во Албанија

Македонија има и најевтин бензин во југоисточна Европа од 1,35 евра за литар, а најскапиот од 1,88 евра се продава во Албанија

Македонија останува со најевтини горива во регионот среде наглиот раст во светски рамки по почетокот на нападите од САД и Израел врз Иран и возвратните ирански удари земјите од соседството.

Еден литар дизел во Македонија по најновото зголемување се продава за 1,59 евра, а највисока цена има во Албанија од 2,33 евра, поради што е забележана навалица од албански граѓани од пограничните градови во Струга на еднодневни излети заради точење гориво, покрај пазарењето.

Втор најевтин дизел има Бугарија од 1,61 евра, а трет Унгарија од 1,62 евра. Со многу повисоки цени следуваат Црна Гора со 1,78 евра, Словенија со 1,81, Србија со 1,82, Босна и Херцеговина со 1,84, Хрватска со 1,85 и Романија со 2,05.

Покрај дизелот, Македонија има и најевтин бензин во опкружувањето од 1,35 евра за литар, а најскап е во Албанија од 1,88 евра. Меѓу нив се Бугарија со 1,44 евра, БиХ со 1,45, Унгарија со 1,54, Црна Гора со 1,59, Србија со 1,61, Словенија со 1,62, Хрватска со 1,66 и Романија со 1,83.

Најнови вести од: Бизнис

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

Димитриеска-Кочоска: Модернизацијата на даночниот систем значи поефикасни институции и подобри услуги за компаниите

Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО) при Управата за јавни приходи одбележа 20 години од своето формирање, под мотото „20 години Дирекција за големи даночни обврзници – Партнерство, доверба и резултати“.

To top