Спорт

Македонија ја декласира Бугарија на стартот од квалификациите за СП во футсал

„Црвено-жолтите“ славеа со 4:1 над источниот сосед на квалификацискиот турнир во Литванија

Репрезентацијата на Македонија во футсал славеше убедлиба победа над Бугарија од 4:1 на стартот од квалификацискиот турнир во Литванија за Светското првенство 2028.

Резултатот уште во 2. минута го отвори Иван Крстевски, шест минути подоцна зголеми дефанзивецот Берат Рамадани, кој биеше прецизно и педесетина секунди до крајот, во листата на стрелците се запиша и голманот Антонио Петровски во 38. минута, а Тони Киревски во 18. минута не реализира пенал.

Единствениот гол за источниот сосед го постигна Владимир Бахаров на стартот од второто полувреме.

Во второто коло од групата Ц во Друшкининкаи утре од 15:30 часот избраниците на селекторот Газменд Хисеини ќе играат со Турција, која турнирот го отвори со победа од 4:2 над домаќинот Литванија.

Двете најуспешни селекции во групата ќе изборат учество во следната фаза од квалификациите.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top