Десетици Македонци верници на МПЦ-ОА вчера пред Велигден се соочиле со проблем кога дошле пред црквата во стариот град во црногорското одморалиште Будва.
Во Црна Гора во црквите на Српската Православна Црква има различна традиција од Македонија каде верниците се собираат пред полноќ и таму го дочекуваат Христовото воскресение.
Тоа било причината што во верскиот овјект во стариот град во Будва немало никаква активност.
Откако виделе дека црквата ,,Света Тројца” била затворена и немало свештеници за литургија македонските верници сами импровизирале дочек на Христовото воскресение.
Дел од Македонците запалиле свеќи а дел на пет минути пред полноќ свртеле теи круга околу црквата согласно традицијата во црквите на МПЦ-ОА по што си честитале со пораката Христос воскресе – вистина воскресе.

,,Македонската традиција мора да се продолжи без разлика каде сме ние верниците на МПЦ-ОА. Каде и да одиме со нас ги носиме нашите црковни традиции”, вели еден македонски турист кој бил присутен а кој ги испрати фотографии до expres.mk.
По полноќ верниците кои меѓу себе не се познавале се чукале со јајцата донесени од Македонија и си посакале среќа и здравје.
За време на акцијата на македонските верници преку мобилен телефон била пуштена божествена велигденска литургија од поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија Г.г. Стефан.