Македонија

Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија

Од владејачката партија велат дека само во главата на лидерот на СДСМ имало „тајни бизнис на Македонија со Унгарија“

 

 

Венко Филипче, верен чувар на фоте знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис велјата на Зоран Заев во СДС заедно неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега.

„Да му објасниме што значи тоа. Бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски:

Прво, нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија.

Второ, има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња.

Можеби Филипче со неговиот ментор Заев работел така па мисли сите работат тајно и криминално.

Оттука, Филипче нека се свести и нека се фати за неговата примарна задача, а тоа е да ја оттргне СДС од Заев, поточно да се огради јасно од неговите криминални бизнис врски, криминални зделки и слично“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top