Македонија

Филипче никогаш не негирал дека има бугарски пасош

Лидерот на СДСМ цели 10 месеци молчи за информацијата од човек од политичко – криминалната мрежа која дава бугарски пасоши на Македонци

Додека тој и неговите сопартијци неуспешно се обидуваат да докажат дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници со бугарски пасоши, лидерот на СДСМ Венко Филипче 10 месеци не ја демантира информацијата споделена од човек кој бил лично инволвиран во политичко – криминалната бугарска мрежа за издавање на бугарски пасоши за Македонци.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски лани во Јули на својот Фејсбук профил објавил дека дедото на лидерот на СДСМ Венко Филипче бил началник на судот во Охрид од 1941 до 1944 година и свесен Бугарин.

Според Џамбаски Филипче поседува бугарско државјанство.

За да се добие бугарско државјанство, мора да се декларира бугарски национален идентитет и да се докаже бугарско потекло. Фелипче, иако е за потсмев, искрено, тој јасно ја користел биографијата на својот дедо, бугарскиот судија Филипчев, пишува Џамбаски.

Ако на интернет пребарате дали Филипче некогаш го демантирал тврдењето на Џамбаски нема да најдете таква информација.

Профилот 5891Крипта го објавува оргиналниот пост на Џамбаски кој не е демантиран од Филипче

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“

Кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов во 1994-та на фестивалот „Валандово“

To top