Македонија

Четири фирми со понуди за набавка електрични автобуси

Од 150 автобуси, 100  ќе бидат за Град Скопје, а останатите 50 за другите градови

Четири фирми доставиле понуди На тендерот за набавка на електрични автобуси кои го распиша Министерството за транспорт и врски, свои понуди доставиле 4 фирми, објави порталот СДК

Тендерот е затворен и во тек е законскиот рок за прием на евентуални понуди по пошта, велат од Министерството.

„После Велигденските празници ќе се врши евалуација на стигнатите понуди. Доколку тендерот биде успешен, првите 30 автобуси треба да стигнат во септември“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Од 150 автобуси, 100  ќе бидат за Град Скопје, а останатите 50 за другите градови, а .проценетата вредност е 51 милион евра.

Автобусите треба да бидат црвена или бела боја, да имаат најмалку 33 седишта и капацитет за најмалку 66 патници. Ќе се набават и 75 станици за полнење на автобусите со моќност од најмалку 120 киловати за едно приклучно место на станицата за полнење.

Ова е втор тендер на Владата за набавка на нови електрични автобуси откако првиот објавен во јуни пропадна, затоа што единствената фирма која се пријавила не ги исполнувала потребните услови.

Најнови вести од: Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top