Македонија

Пијан возач удрил во пијан пешак и избегал

Возачот имал 2,78 промили алкохол во крвта, а пешакот – 1,34 промили

Возач од охридско бил приведен откако вчера удрил пешак и избегал од местото на несреќата, а при проверка било утврдено дека имал 2,78 промили алкохол во крвта.

Несреќата се случила на улицата Кленоец во Охрид, кога патничко возило „опел“ управувано од 52-годишен жител на селото Горно Лакочереј удрило во пешак од селото Свиништа и го напуштило местото на настанот.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјална болница Св. Еразмо, каде што му била укажана медицинска помош.

Дополнително, било констатирано дека и повредениот пешак имал 1,34 промили алкохол во крвта.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top