Македонија

Дилема со призвук на етнички скандал: Дали за покренувачите на кампањата против „Кока Кола“ во Македонија не живеат Македонци, туку „Словени и Торбеши“?!

„Во С.Македонија започна бран на револт против компанијата Кока-Кола по нејзината кампања ‘Сподели Кока-Кола’, која дистрибуира етикети само со словенски и торбешки имиња, напишани на кирилица, исклучувајќи го албанскиот јазик и Албанците, кои сочинуваат повеќе од 24 отсто од населението на земјата.“ – објавија „Иинфошќип“, „Прес.тв“, „Шќип“ и некои други медиуми на албански јазик во […]

„Во С.Македонија започна бран на револт против компанијата Кока-Кола по нејзината кампања ‘Сподели Кока-Кола’, која дистрибуира етикети само со словенски и торбешки имиња, напишани на кирилица, исклучувајќи го албанскиот јазик и Албанците, кои сочинуваат повеќе од 24 отсто од населението на земјата.“ – објавија „Иинфошќип“, „Прес.тв“, „Шќип“ и некои други медиуми на албански јазик во Македонија, во информација со наслов „Кока-Кола во С.Македонија ги дискриминира Албанците и албанскиот јазик – започнува кампања за бојкот“. Без никакво завлегување во самата кампања и мотивите на нејзините покренувачи, се наметнува дилемата, која има призвук на скандал врз етничка основа и на негација на постоењето на македонскиот народ во неговата сопствена држава: какво значење има формулацијата „етикети само со словенски и торбешки имиња“, која ја употребиле покренувачите на односната кампања?! Дали можеби според нив во Македонија нема и не живеат Македонци, туку само „Словени и Торбеши“?!

Од причини да одбегне какво било можно сопствено учество во можното нанесување штета на деловните интереси на компанијата „Кока Кола“ редакцијата на „Експрес“ го пренесува уште само оној дел на споменатата информација на медиумите на албански јазик, во која се тврди: „Кампањата ‘Сподели Кока-Коласе промовира само на македонски јазик, таа ги навредува албанскиот идентитет и јазик, а активностите се одвиваат исклучиво во Скопско, Гевгелија,  Дојран, Штип, Струмица и Битола – градови каде што Албанците се малцинство.“ – објавија „Иинфошќип“, „Прес.тв“, „Шќип“ и некои други медиуми на албански јазик во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

To top