Македонија

Проблемите на лажната опозиција со два лидери

За аналитичарот кој одлично ги познава состојбите во СДСМ, партијата има два лидери

Новинарот и политички аналитичар Ивор Мицковски смета дека еден од двајцата лидери на СДСМ не може да се претставува како жртва на прогон од најмалку три огромни причини.

,,Мора една работа да биде јасна, не може лажна опозиција која се однесува ко ВМРО во 2008, која праќа кривични до медиуми, која само се кара и расправа, да губи време на цела држава со својата неспособност и со путерот на глава на актуелниот позадински и фронтален лидер.
Кога плус убаво ќе размисли фронталниот што гревови има зад себе, од обидот за бизнисот со кинеските вакцини, до проблемите во Онкологија и конечно со бизнис шемата за модуларните каде загинаа 14 луѓе, не знам колку има простор да раскажува приказни за политички прогон”, смета Мицковски.

За аналитичарот кој одлично ги познава состојбите во СДСМ партијата има два лидери.

Едниот јавен е Венко Филипче а другиот скриен е Зоран Заев.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top