Македонија

Богданка Кузеска: Ова раководство е под постојан оган од првиот ден, сопките доаѓаат од внатре

ФБ статус

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, преку објава на социјалните мрежи оцени дека актуелното раководство на партијата од првиот ден се соочува со силни притисоци и напади, без да добие, како што рече, ниту еден ден простор за нормален почеток на својот мандат.

Според неа, најголем проблем е што, наместо нападите да доаѓаат од политичките противници, тие пристигнуваат од редовите на самата партија.

„Вистината е дека ова раководство на СДСМ не доби ниту еден ден шанса. Од првиот ден, во најтешкиот можен контекст, е под постојан оган. И најболно е што сопките не доаѓаат од власта, туку одвнатре“, истакна Кузеска.

„Наместо обединување, раководството на СДСМ создава нови поделби“, вели Кичевски

Таа потсети на периодот по изборниот пораз на СДСМ, кога, како што рече, партијата останала сама и покрај тоа застанала зад сите свои членови кои се соочиле со политички и правни последици.

Статусот на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ви го пренесуваме во целост:

„Вистината е дека ова раководство на СДСМ не доби ниту еден ден шанса. Ниту еден „меден месец“. Од првиот ден, во најтешкиот можен контекст, е под постојан оган.

​И што е најболно, сопките не доаѓаат од власта, туку одвнатре. Од луѓе кои наместо да помогнат, работат на тоа да ја ослабат позиција на СДСМ, водени од лични суети или минати сметки.

​Сетете се каде бевме не така одамна. Кога СДСМ изгуби, оваа партија беше оставена сама. Буквално сама во калта. И во такви услови, застанавме цврсто зад секој еден човек кој се соочи и со политички прогон и кривични пријави. Притоа, никој не правеше калкулации, застанаа пред јавноста за да одбранат некои кои денес не се ниту тука, а други пак, денес се кријат зад некакви платформи.

​И сега, слушнав коментар во стилот: „па двајца-тројца излегувале во јавност да напаѓаат власт“.

Ивановски вели дека Венко Филипче не е за лидер на СДСМ (ВИДЕО)

Да, точно е! Ама тие двајца-тројца се тие кои без математики и без суета, кога СДСМ беше најслаба, а противникот најсилен, стоеја исправени на нозе и се бореа за партијата!

Каде беа тогаш тие што денес пишуваат платформи?

​Не кукаме, ниту ова раководство бара емпатија.

​Ова раководство има легитимитет да ја води партијата напред, и секој кој е искрен и навистина ја сака СДСМ силна, сите различни мислења нека ги стават во функција на СДСМ, а не во функција на нејзино уривање. Само тоа е чесно, само така е исправно ако навистина се сака СДСМ!- потенцира во објавата.

Најнови вести од: Македонија

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

Водичот Мишелин за првпат ќе ја опфати цела Турција – Националниот избор за 2027 година на 3 декември

Гастрономската понуда на Турција ги поврзува богатите регионални традиции со современите кулинарски пристапи. Националниот избор на Водичот Мишелин ќе им овозможи на патниците подобро да ги запознаат и рестораните што го негуваат традиционалното наследство, но и оние што внесуваат нови идеи во турската кујна.

To top