Македонија

ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво официјално го започна проектот за заштита на загрозени видови птици во земјава

„Безбедни жици за загрозени птици”

Со учество на високи претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава и на релевантни институции, во „Јуроп Хаус“ во Скопје, се одржа конференција за печат во организација на ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво (МЕД) со што официјално се одбележа почетокот на меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“ (101216021 – LIFE24-NAT-BG-EP for Birds LIFE).

На настанот учествуваа претставникот на Делегацијата на ЕУ во земјава, г-а Мари-Мадлен Канелопулу, Заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, г. Мирослав Лабудовиќ, раководителот на Секторот за природа во Министерството за животна средина и просторно планирање и Национално контакт лице за Програмата LIFE, г. Влатко Трпески, Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер и извршната директорка на Македонското еколошко друштво, г-а Робертина Брајановска.

Преку овој проект во следните пет години ќе се работи на заштита на глобално загрозените видови царскиот орел и египетскиот мршојадец во Северна Македонија, Турција и Бугарија, преку намалување на ризиците од струен удар и судир со постојната енергетска инфраструктура.

Проектот поврзува компании за електродистрибуција и компетентни невладини организации од Македонија, Бугарија и Турција. Македонското еколошко друштво и ЕВН Македонија ќе ги спроведуваат планираните активности на македонска територија, во регионите Овче Поле, Градско, Демир Капија и во Тиквешкиот Регион кои се клучни за размножување, миграција и презимување на царскиот орел и египетскиот мршојадец во земјата.

Волфганг Маиер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија пред присутните изјави дека за ЕВН Македонија, одржливоста не е само концепт, туку долгорочна стратешка цел. Заштитата на биодиверзитетот е составен дел од нашата визија за отпорен и модерен енергетски систем. „Управувањето со мрежата носи двојна одговорност: да обезбедиме сигурно снабдување со електрична енергија за граѓаните, а во исто време да ја заштитиме природата што нè опкружува.“ – истакна тој.

Извршната директорка на Македонското еколошко друштво, м-р Робертина Брајаноска сподели дека МЕД работи на заштитата на природата подолго од 5 децении, што отсекогаш значело и соработка со релевантни чинители. „Соработката со ЕВН Македонија започна уште во 2010 година, кога идентификувавме далекуводи на кои требаше да се постават гнездечки платформи за белиот штрк. По тоа следуваше поставување на десетина куќарки за гнездење на модровраната во Централна и Источна Македонија и на 200 изолатори на опасни далекуводи за птици во Овче Поле. Со овој проект сега, всушност, ја продлабочуваме соработката, за прв пат во улога на полноправни партнери.“

Настанот го заокружија проектните координаторки Хрисанти Ангеловска од ЕВН Македонија и Данка Узунова од Македонското еколошко друштво, кои подетално ги претставија планираните проектни активности и зацртаните цели.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: ЈО да ги провери наводите на Филипче за криминал од 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите, потпишан од Славјанка Петровска!

„Венко Филипче се огласи со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска. Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“. Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ од 3.10.1943 – еден од најважните документи во македонската национална и политичка историја

„Македонски народе! Македонци и Македонки! Браќа и сестри на нашата поробена, ама никога непокорена татковина! Нашата млада војска, под славното знаме на Крушовската република, победоносно чекори и смело гази на кај исполнуењето на својата голема идеја – ослободуењето на Македонија. “  – стои во Манифестот на АСНОМ на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, кој му е упатен на македонскиот народ на денешен ден, на 3 октомври 1943 од борбените позиции кај селото Црвена Вода на Караорман планина, во историската Дебрца. Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 3 октомври 1943 година е првиот стратешки и програмски документ упатен директно до македонскиот народ во текот на Втората светска војна. По своето историско значење, тој се смета за рамноправен со Крушевскиот манифест од 1903 година, бидејќи ја постави цврстата платформа за идната македонска државност.

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Најнови вести

To top